Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Менаџерот на Донарума најави тужба: Шокирани сме од тоа што го направи ПСЖ

Драмата меѓу Џанлуиџи Донарума и ПСЖ добива нова димензија, а во приказната сега директно се вклучи и менаџерот на италијанскиот голман, Енцо Рајола. Сѐ започна откако тренерот Луис Енрике не го вклучи Донарума во составот за натпреварот од Суперкупот на Европа против Тотенхем, порака што Донарума ја сфати како јасен сигнал дека треба да си замине од клубот една година пред истекот на договорот за ПСЖ да може да заработи од неговиот трансфер.

На оваа одлука на тренерот, Донарума одговори преку Инстаграм, не криејќи го своето разочарување:

„За жал, некој одлучи дека веќе не можам да бидам дел од тимот и да придонесувам за успехот на клубот. Револтиран сум и разочаран. Се надевам дека ќе имам уште една шанса да ги погледнам навивачите в очи и да се збогувам како што доликува. Ако тоа не се случи, сакам да знаете дека вашата поддршка и љубов значат сѐ за мене и никогаш нема да ги заборавам“, напиша Донарума.

По неговата порака, се огласи и менаџерот кој најави дека не ја исклучува можноста за судска постапка против парискиот клуб.

„Шокирани сме од однесувањето на ПСЖ. По четири години соработка, клубот не покажа ни трошка почит. Ќе се консултираме со нашиот правен тим. Џиџо дури беше подготвен да ја намали својата плата, но ПСЖ повторно ги смени условите во последен момент“, изјави Рајола, отфрлајќи ги тврдењата на повеќе медиуми дека преговорите пропаднале поради барања на Донарума за зголемување на платата.

Донарума не е ни меѓу замените на ПСЖ за УЕФА Суперкупот против Тотенхем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот