Фото: ТВ21

Мемов вели дека треба сериозно да се сфати препораката да се оди во пензија со 67 години

Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека јавноста, но и Владата, „треба многу сериозно да ги примат препораките од Фискалниот совет“ за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години за мажите и жените.

„Таму членуваат многу сериозни луѓе и јавноста, институциите, вклучително и Владата многу сериозно треба да ги примат тие препораки и совети, исто така, редовни се препораките од Меѓународниот монетарен фонд, од Светска банка за ваков тип на сугестии, предлози да ги прифати државата“, вели Мемов.

Тој додава дека не е точно оти овие мерки се прифатени.

„Во фискалната стратегија до 2029 година, не се вградени овие препораки. Тоа се мислења и препораки“, додаде Мемов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот