Џорџа Мелони / Фото: EPA/EFE

Мелони предупредува за трговска војна на Западот

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп  најави царини од 30 проценти за производите на Европската Унија (ЕУ).

-Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно – рече Мелони.

Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен договор.

-Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш – додаде италијанската премиерка, додека ЕУ вчера кажа дека за почетокот на август го одложува својот одговор во противмерки со надеж дека дотогаш ќе се постигне договор.

Трамп во саботата објави дека производите увезени во САД од ЕУ и Мексико ќе бидат предмет на царини од 30 проценти почнувајќи од 1 август.

Италијанската опозиција веднаш ја критикуваше премиерката Мелони и нејзината крајно десничарска партија „Фратели д’Италија“, додека лидерот на Движењето Пет Ѕвезди, Џузепе Конте, ја обвини дека „ја наведна главата“ пред заканите од Вашингтон.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Брисел засега нема да возврати поради американските царини за челик и алуминиум, надевајќи се дека ќе постигне договор со кој ќе се избегнат царини од 30 проценти за сите извезени производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот