фото Архива

Мексикански наркокартел се заканува на новинарка

Мексиканската Влада денеска објави мерки за заштита на новинарка и телевизиска куќа, на кои вооружена група преку видео снимка им се закани, тврдејќи за себе дека се едни од најмоќните наркокартели, пренесува Би-Би-Си.

„Владата ќе преземе соодветни мерки за заштита на новинарите и медиумите кои се под закана. Демократските слободи треба да се гарантираат, како и правото на информации“ изјави Хесус Рамирес, портпарол на претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор.

Во видеото пренесено на социјалните мрежи, човек кој се претстави како Рубен Осегера, водач на картелот Халиско – Нова генерација, една од најмоќните организации за трговија со дрога во Мексико, упати закани до ТВ Миленио и водителката Асусена Урести.

Опкружен со неколку мажи со качулки опремени со моќно оружје, тој побара рамноправно известувањето за конфликтот со другите групи во западната држава Мичоакан.

Новинарката не даде изјава, но организациите за слобода на медиумите го осудија инцидентот и побараа заштита од власта.

Мексико е една од најопасните земји за новинарите, каде од 2000 година досега се убиени повеќе од 100 новинари, покажуваат податоците на Комисијата за човекови права.

Тројца новинари се убиени оваа година. Последниот Рикардо Лопес, кој зборуваше за заканите во државата Сонора, беше убиен на 22 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот