EPA-EFE/ANDY RAIN

Мекинро: Се надевам дека Новак ќе го освои Австралија опен, а врската со Мареј кратко ќе трае

Според американската легенда, Шкотланѓанецот може многу да му помогне на Србинот

Поранешниот американски тенисер а сега коментатор Џон Мекинро мораше да даде свое мислење и за изборот на Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј да му стане тренер.

Џон, со доза на хумор, коментира дека тоа ќе му овозможи на Шкотланѓанецот да се одмори од својот живот како татко, особено што треба да се грижи за многу деца. Мареј има четири деца со сопругата Ким.

– Сигурен сум дека тоа ќе биде многу краткотрајна врска. Но, на некој начин, се надевам дека Новак ќе го освои Австралија опен поради интересот што тој го носи за тенисот ширум светот. Тоа ќе му даде малку одмор на Мареј, ќе му даде повеќе позитивни вибрации и се шегувам кога велам дека му треба одмор од неговите деца – вели Американецот.

Тој сепак смета дека таа врска ќе биде успешна.

– Мареј е страстен во однос на тенисот и го сака. Тој ќе даде се од себе за Новак, исто како што правеше и за себе (додека беше активен тенисер н.з.). Тој тип даваше 120 проценти, даваше апсолутно се. Мислам дека Мареј ќе донесе нешто во тимот. Новак многу го почитува, така што Мареј ќе може да го „притиска“ кога ќе треба – смета Мекинро.

EPA/Filip Singer

Австралија опен е од 6 до 26 јануари, а Јаник Синер ја брани титулата.

Ѓоковиќ ќе игра заедно со Кирјос на турнирот во Бризбејн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот