Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Меџити: Се поставуваат знамиња за Кутлеш, за голема Албанија, ако се водиме по тоа треба секој ден да затвораме луѓе

Ако се водиме по тоа што секој поставува знамиња за Кутлеш, за голема Албанија, треба секој ден да затвораме луѓе, порача Изет Меџити по реакциите во јавноста за веењето на знамето на голема Албанија во Тетово.

Тој на денешното Собрание на новоформираната партијата Демократско движење одговорајќи на новинарско прашање на случувањата во Тетово и порача на јавноста да гледа попозитивно на посетата на косовскиот премиер Курти.

„Мислам дека на таа посета треба да се гледа позитивно, промовира заеднички проекти како патот Tетово-Призрен кој ќе ги зближи луѓето, ќе придонесе за економски развој поголем туризам. Ќе ве замолам попозитивно да размислувате. Јас гледам дека по секоја цена сакате да најдете нешто. Тоа беше митинг. Секој ден ни се случува, јас гледам и карти од голема Македонија. Ние бевме и во општина Тетово каде пред општинската зграда има и македонско и албанско и општинско знаме, ако сакаме да гледаме, да проблематизираме по секоја цена“, изјави тој.

Посочи дека примерот со улицата „Демачи“ не треба да биде проблем, оти како што појасни тој станувало збор за личност со европска вредност.

„Мислам дека помина времето кога Албанците се држеа под притисок и еве примерот со Демачи е чиста глупост, бидејќи тој е европска вредност. За волја на вистината, јас каде што живеев улицата беше „7 јули“ ден на српското востание, друга улица е Кримска, значи нема врска, ни со Албанците кои живеат таму, ни со Македонија“, подвлече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот