Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Меган Фокс отворено проговори за непланираната бременост: „Непланирано, но убаво изненадување“

Неколку недели откако ја раскина веридбата со екстравагантниот рапер, актерката Меган Фокс откри дека е бремена.

„38 години. Шест недели бремена (непланирано, но среќно изненадување)“, напиша Меган Фокс на својата најнова Инстаграм приказна, на која објави фотографија како позира во шестиот месец од бременоста, пренесува „Еј-би-си Њуз“

Имено, во март беше потврдено дека атрактивната актерка родила девојче, откако Машин Ган Кели ја објави среќната вест на својот Инстаграм профил,  а со кого Фокс сега е во врска исклучиво за доброто на детето.

Како што беше претходно познато, Меган Фокс и Машин Ган Кели, чие вистинско име е Ричард Колсон Бејкер, ја прекинаа својата веридба по четири години прилично турбулентна врска, но набргу потоа, Фокс дозна дека е бремена.

„Нивната врска е целосно фокусирана на заедничко одгледување дете. Тие се решени да бидат тука за својата ќерка, но не живеат заедно, ниту се во романтична врска“, изјавил извор за списанието „Пипл“.

Меган Фокс и „Машин Ган Кели“ започнаа врска во 2020 година, позната по турбулентниот однос, а се верија во 2022 година. Двојката раскина неколку пати, а последното раскинување се случи кон крајот на 2024 година, наводно поради губење на довербата откако таа пронашла пораки од други жени на мобилниот телефон на нејзиниот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот