Фото: Фејсбук / Изет Меџити

Меџити смета дека Алиу е добар избор за министер за здравство: Пред сè треба да е добар менаџер

Првиот вицепремиер Изет Меџити оцени дека Азир Алиу е добар избор за функцијата министер за здравство. Според него, не е проблем што тој е програмер.

На новинарско прашање како ќе се снајде Алиу на оваа позиција, со оглед дека е програмер, Меџити рече дека тој пред сè треба да биде добар менаџер.

„Пред сè треба да биде добар менаџер, да го познава системот за добро да управува со тој ресор. Имало вакви примери и во минатото, и мислам дека Алиу ќе биде добар, најдобар предлог за таа позиција“, рече Меџити.

Тој рече дека нивниот предлог за министер за здравство деновиве ќе го поднесат до премиерот Христијан Мицкоски.

Азир Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација и е дел од структурите на крилото на Алијанса за Албанците на Таравари кои остануваат во коалицијата „Вреди“.

Меџити рече дека се работи на предлозите за министри и дека тие деновиве ќе бидат доставени до Владата. Исто така, додаде дека се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот