Изет Меџити / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Меџити ноќеска се огласи за пожарот во Трубарево: Компанијата има дозвола за работа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити ноќеска извести дека го посетил местото на пожарот во Трубарево во објект за рециклирање батерии и електронски отпад, откако не се појави на прес-конференцијата на МВР на која присуствуваа министрите од сите засегнати институции.

Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент. Веднаш по добивањето на информацијата за пожарот, сите надлежни служби – Министерството за животна средина, противпожарните екипи и другите институции – интервенираа навреме и ситуацијата во моментов е под контрола. Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. Дотогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност, изјави Меџити.

Во соопштението од неговиот Кабинет, министерот за животна средина посочува дека компанијата во чиј објект вчера попладне во Трубарево избувна пожарот поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година.

ВИДЕО | Тошковски: Тројца сопственици на фабриката во Трубарево на распит во полиција, пожарот само локализиран

Изјавата на министерот следеше откако јавноста и медиумите во текот на вчерашниот ден повеќепати прашуваа каде е министерот за животна средина кога на Скопје му се случува еколошка катастрофа и дали нему му се поважни партиските активности и промоцијата за кандидат на градоначалник на Општина Чаир или здравјето на граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот