Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Меџити на „Молитвен појадок“ во САД, организиран од Трамп

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на традиционалниот настан „Молитвениот појадок”, кој се организира под покровителство на американскиот претседател, Доналд Трамп.

-Ова е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, каде што присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет. Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите честите посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија – велат од партијата Демократско движење.

Неговата посета во Вашингтон за „Молитвениот појадок”, како што соопштија од партијата, се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!