Меџити Влен/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Меџити го напаѓа ДУИ: Шансите за вработување се отвораат за народот, не за „шерифите од Речица“

Првиот вицепремиер на Владата – Изет Меџити, реагираше на ставот на ДУИ во врска со Законот за правична и соодветна застапеност, обвинувајќи ја партијата за години неправедна контрола врз државната администрација.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук Меџити ја критикува политиката на ДУИ, велејќи дека „без закон, договорите, вработувањата, одлуките и условувањата на Албанците ги контролираат шерифите од Речица“.

Според него, со новиот закон „на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата“, а токму затоа, како што додава, „шерифите од Речица остануваат без работа. Затоа се против тоа!“

Меџити нагласува дека законот гарантира крај на политичката селекција и отвора пат за реална застапеност на Албанците во јавните институции – според заслугите, без партиски влијанија и без покровителство.

„Стравот кај ДУИ од усвојувањето на овој закон доаѓа токму поради губењето на контролата што ја имаа врз системот повеќе од дваесет години“, вели Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот