
Меџити даде крв во чест на американските ветерани и нивната „служба за мир во светот“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и даруваше крв во крводарителската акција „Food and Blood Drive” во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.
Препорачано
По дарувањето крв, првиот вицепремиер Меџити високо ја оцени соработката и континуираната помош што САД и ја даваат на нашата земја од прогласувањето на независноста.
„Станува збор за традиционална акција за дарување крв, на која често сме се одзивале. Овој пат акцијата се одвива во чест на Денот на ветераните на Соединетите Американски Држави, и кои за нас стратешки партнери и со задоволство учествував во оваа акција на дарување крв”, рече Меџити пред медиумите.
Крводарителската акција, која веќе 22 години ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, годинава беше посветена на американските ветерани, преку кои беше почестена нивната „служба во воспоставувањето мир во светот“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5