Изет Меџити, Бујар Османи

Меџити: Бујар Османи има најмалку морално право да зборува за дивоградби, зашто живее во дивоградба

Првиот вицепремиер Изет Меџити смета дека дивоградбите во Чаир нема да бидат голема тема на претстојните локални избори. Тој како кандидат за градоначалник на Чаир му порача на противкандидатот од Европскиот фронт и екссопартиец Бујар Османи дека тој има најмалку морално право да зборува за дивоградби бидејќи и самиот како функционер изградил дивоградба во Чаир, која потоа била легализирана.

-Добро е Бујар Османи пред да зборува за дивоградби да каже дека живее во дивоградба. Куќата која е изградена од него, е изградена како дивоградба и е легализирана. Тој најмалку има морално право да зборува за тоа. И да е легализирана сега, куќата беше изградена како дивоградба. Тој цело време беше министер, беше на неколку функции, има легализирана дивоградба, а сега зборува за дивоградбите на обичните граѓани, на социјалните случаи кои немаат други можности – вели Меџити.

Тој не смета дека дивоградбите во Чаир ќе бидат голема тема во изборната кампања и како што вели,  ќе има мораториум за дивоградбите.

-Потенцирам, ако некој најмногу нема право да зборува за дивоградбите, тоа е Бујар Османи – рече Меџити.

За информациите дека не живее во Чаир, туку во Бутел и дека тоа е пречка да се кандидира за градоначалник на Чаир, Меџити рече дека кога ќе почне кампањата ќе одговори.

-Роден сум и сите овие години живеам во Чаир – рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот