Изет Меџити / Фото: Фејсбук

Меџити ѝ се закани со кривична на Арсовска, тврди дека таа е инструмент на ДУИ за дестабилизација на општините

Кривична пријава за градоначалничката Данела Арсовска најави министерот за животна средина Изет Меџити, за лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој, како што рече се сликала и го објавила. Тој овој случај го оквалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“ и ѝ порача на Арсовска да се занимава со своите надлежности.

 Добро што Данела се појави, зашто четири години не сме ја виделе. И кога очекувавме дека ќе каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и ова е најлошо управување на Скопје откако памти историјата, заедно со ДУИ и Левица, истакна Меџити денеска, пред почетокот на конференцијата за отпад.

Арсовска: Следува објава на фељтон со докази за криминал за кои никој не постапувал

Според него, не треба да се заборави обидот на ДУИ и Али Ахмети за дестабилизиација на државата кој имаше план А, Б, Ц, а последниот беше со Таравари, но пропадна. Сега, дополни Меџити, инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините.

 Ова е последниот план на Ахмети, овојпат не преку Таравари и други актери, туку преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група, Левица и инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините. Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџети кој има 17 години и Договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Блерим Беџети. Неслучајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје, добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго, нагласи министерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот