Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Медведев: Властите во Киев станаа непријатели на православната вера
Коментирајќи ги постапките на украинските власти во однос на Украинската православна црква (УПЦ), заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека тие станале непријатели на православната вера, пренесуваат руските медиуми.
Препорачано
„Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква, тие бараат врски со рускиот свет. Го конфискуваат црковниот имот. Тие тепаа свештеници и парохјани. Меѓутоа, прогонот на УПЦ почна многу порано. Кога извесен Порошенко ги жртвуваше УПЦ и Договорот од Минск заради неговиот неуспешен реизбор“, рече Медведев.
Претходно, во текот на денот, официјален Киев соопшти дека украинската Влада ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, во согласност со потезите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги смета за неопходни за да се спречи Москва „да ја ослаби Украина одвнатре”, јавија денеска британските медиуми.
Украинскиот Совет за национална безбедност и Советот за одбрана ја овластија владата да подготви ваков закон по серијата рации во парохиите за кои Киев вели дека можеби добиваат наредби од Москва.
Во Украина постои Православна Црква на Украина, под ингеренции на Киев, и Украинска православна црква, под власт на Москва, што се разделени од пред три години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
10мин
-
11мин
-
14мин
-
17мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5