Медведев повеќе пати се заканува со нуклеарниот арсенал - Фотографија ЕПА, Екатерина Штукина

Медведев: Русија би можела да стави вето на влезот на Австрија во НАТО

Русија, како правен наследник на поранешниот Советски Сојуз, би можела да стави вето на одлуката на Австрија за членство во НАТО, предупреди заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Коментарите дојдоа откако министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, објави дека ќе се одржат јавни дебати за можноста за напуштање на неутралноста и зачленување во НАТО, наведувајќи ги промените во глобалната безбедност и наводните дејствија на Русија, објави Риа Новости.

Медведев потсети дека Москва е еден од основачите на модерната Република Австрија, нагласувајќи дека секоја промена на статусот на неутралност, според меѓународните договори, бара согласност од сите сојузнички сили што го потпишаа договорот од 1955 година.

„Москва, како правен наследник на СССР, има право да стави вето на одлуката на Виена за членство во НАТО“, напиша Медведев, цитирајќи ја поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, која истакна дека таквата одлука мора да биде координирана со сојузниците од тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот