Медведев повеќе пати се заканува со нуклеарниот арсенал - Фотографија ЕПА, Екатерина Штукина

Медведев предупредува: Зона на забранети летови над Украина би значела војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, остро реагираше на идејата за воспоставување зона на забранети летови над Украина. Според него, секое соборување на руски беспилотни летала од страна на НАТО-членки би претставувало директен акт на војна.

„Спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање зона на забрането летање ќе значи само едно: војна на НАТО со Русија“, порача тој преку Телеграм, реагирајќи на изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Критика на европските иницијативи

Медведев иронично ја коментираше иницијативата „Источна стража“, нарекувајќи ја остаток од некогашната „коалиција на волните“.

Според него, ваквите европски проекти се повеќе симболични отколку реални и немаат сериозна тежина во услови на тековната војна.

Напади врз Балтикот

Рускиот политичар се осврна и на посетата на украинската престолнина од страна на естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур.

„Колку е помала земјата, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“, изјави Медведев, обвинувајќи ги балтичките држави дека ја поттикнуваат антагонистичката политика кон Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот