Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Медведев повторно го прозва Западот: Колеги, честитки за рекордната цена на гасот

Поранешниот претседател на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во саркастичен тон им го честиташе на , како што ги нарече , свите европски колеги за цената на гасот, која достигна рекордно ниво.

„Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои сигурно се бранеа од подмолните Руси и од проектот Северен тек 2“, рече тој.

Претходно во текот на денот, цената на гасот на индексот TTF се зголеми од 2.400 долари за кубен метар на 3.900 долари. Во исто време, цената за порамнување прред само три дена беше 2.170 долари.

Ова не е прв пат од почетокот на украинската криза Медведев да испрати „ критики до западните држави “ околу нивната политика кон Русија

По одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да го прекине процесот за издавање дозвола за почеток на гасоводот, Медведев на Твитер напиша:

„Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас“.

Гасоводот Северен тек 2 беше завршен во септември 2021 година. Во почетокот беше поделена само со дозвола на германските регулатори. Првата причина за одложување на издавањето дозволи беа парламентарните избори во Германија, а потоа се чекаше формирање на нова влада, прва по 16 години владеење на Ангела Меркел.

Новата влада предводена од Шолц положи заклетва на 8 декември, но Северен тек 2 не доби дозвола ниту после тоа, поради наводни несогласувања во самата коалиција. Вториот најголем партнер во германската влада се Зелените, кои отворено се против овој проект.

Иако подлго време одбиваат да заземат построг став и да воведат построги санкции против Русија, на крај канцаларот Олаф Шолц сепак го прекина и го запре проектот вреден 10 милијарди долари два дена пред почетокот на руската инвазија на Украина, кој требаше да испорачува 55 милиони кубни метри гас годишно до Германија..

Северен тек 2 ја заобиколува Украина, што беше причина за незадоволство на Западот, па дури и санкциите што САД ги воведоа за германските компании кои работеа на гасоводот.

Украина, која беше нападната од Русија на 24 февруари 2022 година, е главната транзитна рута за рускиот гас што пристигнува во западна и северна Европа. Од транзитот на рускиот гас,преку украинска територија Киев заработуваше околу милијарда и пол долари годишно.

ВИДЕО | Проф. д-р Јовановиќ: Можна е стагфлација! Потребен е стимул од страна на монетарната политика

Русија го објави списокот на држави непријатели – на него се најде и Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот