Гркот Стефанос Циципас изненаден од Рејли Опелка/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Медведев експресно во Торонто, Циципас потфрли и остана без финале

Данил Медведев и Рејли Опелка ќе играат за трофејот на АТП Мастерс турнирот во Торонто..

Рускиот тенисер го совлада Американецот Џон Изнер без поголеми проблеми, 6:2, 6:2, додека Опелка успеа да направи пресврт во одличен меч и го победи Стефанос Цикипас, 6:7 (2), 7:6 (4), 6:4.

На Медведев му беа потребни само 54 минути против Изнер за да стигне до триумфот и ќе игра за четвртиот трофеј во сезоната.

Тој ѝ помогна на Русија да го освои АТП купот на почетокот на сезоната, а беше најдобар во Марсеј и Мајорка.

Медведев направи по два брејка во двата сета, во третиот и седмиот во првиот сет и во првиот и петтиот гем во сетот број два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот