Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Медицинските сестри од Тетово ќе го преселат протестот во Скопје ако не им ги исполнат барањата
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово, кои протестираа една недела, ќе им бидат продолжени договорите за работа до декември.
Сепак, тие велат дека не ги добиле редовните решенија за работа што ги бараат. Денеска директорот на болницата ги информираше дека ова е привремено решение. Медицинските сестри се незадоволни и најавуваат дека ќе продолжат да бараат решенија за редовно вработување, јави ТВ „21“.
Препорачано
„Едно од нашите барања беше да добиеме решенија за работа, а другото беше исплата на неисплатените плати. Исто така, да имаме договор на дело за да не работиме без плата. Едно од барањата беше прифатено од институцијата во која работиме, односно директорот не информира дека договорите ќе ни бидат продолжени до декември. Сепак, за првото и најважното барање треба да се обратиме до Министерството за здравство, за Министерството да поднесе барање и молба за одобрување на решенијата“, вели Фљутура Ислами, медицинска сестра во тетовската болница.
139 медицински сестри и технички персонал од Клиничката болница Тетово една недела протестираа поради неплаќање на платите и поради нивниот работен статус. Тие денеска изјавија дека доколку не се најде решение за нивниот статус, протестите ќе ги продолжат во Скопје пред Министерството за здравство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
11мин
-
22мин
-
25мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5