Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Медицински извештај: Освојувачката на златен олимписки медал, Имане Келиф, има внатрешни тестиси и XY хромозоми

Францускиот новинар Џафар Аит Аудиа објави медицински извештај кој покажува дека алжирската боксерка Имане Келиф има XY хромозоми и внатрешни тестиси.

Имено, лекарите кои учествувале во процената, ендокринолозите Сомаја Федала и Жак Јанг, откриле дека Имане има нарушување на 5-алфа редуктаза, пренесува „Редукс“ (Reduxx).

Поради ова, нејзиното тело произведува машки полови хормони, а ѝ недостигаат матка и јајчници.

Исто така, било наведено дека нејзините нивоа на тестостерон се нормални за мажите, а  биле препорачани и хируршки корекции и хормонска терапија за да одговараат на нејзиниот родов идентитет.

Инаку, случајот на Алжирката беше причина и за нејзиното исклучување од претходните женски бокс мечеви.

Забраната се случи откако Меѓународната боксерска федерација побара процена на нејзината хормонална рамнотежа и хромозомски тест.

Да потсетиме дека Имане го освои златото во бокс за жени на неодамнешната Олимпијада во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!