Амар Мециновиќ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Мециновиќ: Вардариште е депонија што повеќе од половина век труе и загадува и не може да се претвори во парк

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска истакна дека Вардариште не може да се претвори во парк или простор за прошетки, поради долгогодишното загадување и контаминација на земјата и подземните води.

„Вардариште е депонија што повеќе од половина век труе и загадува, а неконтролираните палења од луѓе на маргините на општеството го влошуваат ризикот по здравјето на граѓаните“, изјави Мециновиќ.

Тој потсети дека депонијата е почната уште во 1970 година, а официјално оформена во 1980 година, додека 2017 беше прогласена за затворена, но сè уште се користи како претоварна станица.

Левица предлага долгорочно и одговорно решение: забрана за пристап, пренесување на сите остатоци во официјални регионални депонии, долгорочно позеленување, техничка анализа за биогасна централа, целосна примена на студијата за Вардариште од 2014 година и можност за изградба на фабрички центар за рециклирање на отпад.

„Вардариште е тест за одговорноста на институциите, но и на сите нас кои не смееме да им довериме мандат на оние кои веќе имале многу можности да постапат во интерес на здравјето на скопјани“, порача Мециновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот