
„Ме допираше по интимен дел на телото“: Лејла Кашиќ изнесе нови детали за наводното сексуално вознемирување од Рамбо Амадеус
Лејла Кашиќ, продуцентката на емисијата „Дневници“ што се емитува на Радио-телевизија Црна Гора, на Инстаграм јавно го обвини црногорскиот музичар Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, за сексуалното вознемирување, а сега откри и детали од непријатниот инцидент, пишува „Нова.рс“.
Препорачано
„Во медиумите и на социјалните мрежи не сакам да се занимавам со детали и да го сведувамна едно, за мене, крајно травматично и шокантно искуство на ниво на таблоиди. Институциите кои треба да знаат – го знаат текот на настанот и моментот во кој ексалираше. Станува збор за несоодветно и недозволено допирање по интимен дел од телото, пропратено со скептични коментари, на крај и негово признание за стореното“, рекла продуцентката и додала:
„Сметам дека Пушиќ е оправдано санкциониран од УНИЦЕФ и дека мојот несреќен случај ќе послужи како опомена за барем еден насилник да не направи нешто слично и поддршка за барем една девојка да пријави и да не молчи. Само со брзо реагирање на каква било форма на насилство и вознемирување можеме да спречиме големи трагедии, трагедии на ниво на силување или фемицид.“
Во својата објава на Инстаграм, Лејла Кашиќ напиша и дека „страшно, опасно, проблематично што некој склон кон девијантно однесување преку ангажман во УНИЦЕФ да има пристап до најранливите категории на општеството“.
– Тоа е недозволиво. Секако дека ме нарече луда и глупава. По вербалниот конфликт и крајот на се, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека имам лош впечаток за него дека можеме да бидеме добри пријатели – напиша Лејла Кашиќ.
Лејла Кашиќ во својата објава упати апел до сите жени да не молчат за сексуалното вознемирување, како и да не се плашат од оние кои сакаат да ја искористат својата позиција на моќ.
„Малку кога се чувствував збунето, немоќно и незаштитено како синоќа. А потоа прерасна во гнев и бес. На крајот, гадење и нервен слом. Што треба да се случи за да се чувствуваме безбедно додека ги извршуваме нашите секојдневни активности? Колку засрамени жртви се потребни за да ни биде јасно дека нема оправдување? До кога треба да слушаме што требаше НИЕ да направиме? До кога мажите ќе мислат дека ги почитуваат жените, ако реагираат само на вознемирување и насилство врз нивните ќерки/сестри/мајки? До кога, до кога, до кога веќе?“, напишала Лејла Кашиќ.
Рамбо Амадеус објави цел нов албум на Јутјуб: Преслушајте го „Брод будала“ (ВИДЕО)