
Мбапе би требало да „експлодира“, велат статистичките предвидувања
Статистичките предвидувања велат дека Французинот ќе блесне во својата втора сезона во Реал Мадрид. Така беше во неговите втори сезони со Монако и со Пари Сен Жермен, па ако ја следи таа традиција Французинот ќе го стигне или ќе го надмине Кристијано Роналдо
Првата година на Килијан Мбапе во Реал Мадрид заврши без да освои ниту една од трите големи титули: Ла Лига, Лигата на шампионите и Копа дел Реј.
Препорачано
Сепак, индивидуалните перформанси на францускиот напаѓач ги оправдаа очекувањата, или барем така велат бројките. Неговите 31 гол во првенството му овозможија да ја освои Златната копачка и да стане дебитант со најмногу голови во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи ги Иван Заморано и Кристијано Роналдо. Вообичаено, првата година во клубот служи како време за адаптација, па затоа Французинот се заканува да ги надмине овие неверојатни бројки во својата втора сезона.
Навивачите на Реал Мадрид имаат причина да бидат возбудени, бидејќи статистиката покажува дека Килијан Мбапе постојано ги подобрува своите остварувања за голови и асистенции во својата втора година во клуб. Тоа му се случи и во Монако и во Пари Сен Жермен.
Еволуција на Мбапе
Во својата прва професионална сезона во Монако, Французинот постигна шест гола и имаше три асистенции во 26 меча, со просек од 0,35 учество во голови по меч. Следната сезона беше неговиот вистински пробив како играч на врвно ниво.
Незаборавната сезона 2016/2017, во која постигна два гола против Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, заврши со неверојатни 28 гола и 13 асистенции во 46 натпревари, што е просек од 0,89 учество во постигнување голови по натпревар.
Оваа еволуција беше очигледна и во неговата втора сезона во Париз, каде, исто како и минатава сезона во Реал, Мбапе дебитираше со добри бројки: 21 гол и 17 асистенции во 46 натпревари (0,83 поени по натпревар).
Но, тој токму во втората година и во ПСЖ го достигна својот врв, постигнувајќи речиси 40 гола. Во втората сезона како парижанец, Мбапе ги собори тие рекорди, достигнувајќи 39 гола и 18 асистенции во само 43 натпревари, со просек од повеќе од еден гол по натпревар (1,32 поени по натпревар).
Втора сезона за удвоен ефект
Ова значи дека францускиот фудбалер има тенденција, во кој клуб и да игра, во втората сезона да го удвои својот ефект во постигнување голови од првата сезона. Доколку го следи истиот тренд како во ПСЖ, Французинот ќе во оваа претстојна втора сезона треба да достигне просек од 1,32 директна вмешаност во постигнување гол по натпревар.
Оваа бројка не е невидена во кралскиот клуб, бидејќи ист ефект забележа Кристијано Роналдо во својата втора сезона како играч на Реал Мадрид, кога ја доби Златната копачка.