
Мажи со или без брада? Истражувањата покажуваат какви мажи жените ги сметаат за најпривлечни
Истражувањата покажале дека и двата пола ги оценуваат мажите како позрели и подоминантни кога имаат брада. Овој детаљ на мажите не бил секогаш модерен, но во последниве години брадите доживеаја вистински подем и се носат повеќе од кога било. Освен што ваквите мажи најчесто изгледаат маркантни, таинствени и маженствени, се чини дека имаат и предност кога жените избираат партнери на „долги стази“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Тоа не е изненадувачки ако се земе предвид дека тестостеронот е толку поврзан со доминацијата и растот на влакната на лицето“, изјавил Роб Брукс, професор по еволуција на Универзитетот Њу Саут Велс во Сиднеј, кој спровел едно вакво истражување.
Во студија објавена во списанието „Еволушн енд хјуман бихејвиор“ во 2016 година, Брукс и неговиот соавтор откриле дека жените претпочитаат мажи со бради кога бараат долгорочни партнери и ја проценуваат способноста на мажите како родители, пишува „ХафПост“.
Истражувачите замолиле 8.520 жени од различна возраст да оценат фотографии од мажи врз основа на физичка привлечност. Дури 75 проценти од нив преферирале мажи со одредено количество влакна на лицето. Брадестите мажи генерално биле сметани за „помужествени, социјално подоминантни и поагресивни по изглед“.
Поголемиот дел од жените ги оцениле брадестите мажи како поатрактивни и подобар избор за долга врска, додека мажите со помала брада или без неа им биле привлечни само за афери или кратки врски. Причината, според резултатите од истражувањето, е тоа што жените природно повеќе ги привлекуваат карактеристики што оддаваат висок степен на тестостерон. Дополнително, жените покрај такви мажи се чувствуваат посигурно и како да имаат некого кој е заштитнички настроен кон семејството.
Освен брадата, карактеристики што физички го прават мажот привлечен се дефинитивно висината, длабокиот глас, изразената вилица и добриот мирис. Сепак, најголемата улога секогаш ја играат самодовербата, добрата комуникација, чувството за хумор, како и верноста и начинот на кој мажот се однесува со својата партнерка.