Ајфелова кула,/ Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Маж скокнал со падобран од Ајфеловата кула, полицијата веднаш го уапсила

Во Париз е уапсен маж откако со падобран скокнал од Ајфеловата кула и слетал на блискиот стадион, пишува „Гардијан“.

Човекот, искусен алпинист, влегол во периметарот на кулата околу 5 часот наутро, неколку часа пред нејзиното официјално отворање. Тој брзо бил виден од стражарите, пишува операторот на страницата Сете, но сепак мажот успеал да стигне до врвот пред некој да може да го спречи, носејќи го падобранот во ранец.

Откако дошол до врвот на кулата, висока 330 метри, скокнал и слетал во близина каде бил уапсен поради загрозување на животите на другите, соопшти полицијата.

„Овој вид на неодговорна акција ги става во опасност луѓето кои работат на или под кулата“, се вели во соопштението на Сете.

Ајфеловата кула е главното туристичко место во француската престолнина која лани привлекла 5,9 милиони посетители.

Отворањето на кулата, обично во 9 часот, беше малку одложено поради инцидентот, рече Сете, додавајќи дека поднела кривична пријава против човекот.

Минатата недела, Ајфеловата кула била двапати евакуирана во ист ден поради дојави за лажни бомби, а во понеделникот, двајца пијани американски туристи биле пронајдени како спијат во кулата, откако претходната ноќ го избегнале обезбедувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот