Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Маж претпладнево починал пред банка во Аеродром

Претпладнево маж починал на тротоарот пред филијала на банката „Силкроуд“ во скопски Аеродром, потврдија од МВР откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од покриено тело пред банката, и полициско обезбедување.

-На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66), информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на семејството.

Сличен случај имаше и пред два дена, кога на автобуска постојка под Железничката станица во Скопје беше пронајдена почината жена.

На 25-ти минатиот месец, 52-годишна скопјанка беше пронајдена почината во угостителски објект во Радишани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот