Фото: илустрација / МИА

Маж од Делчевско починал откако со мотор излетал од патот

На излезот од делчевското село Ѕвегор, 54-годишен маж од селото вчера при возење на мотор без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата, возачот бил тешко повреден и додека бил пренесуван во болница, починал во возилото на Итна помош.

Смртта ја констатирал доктор од Итната помош, а полицијата извршила увид на местото на несреќата, инфомираат од МВР.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот