
Масовно труење на хиподром во Србија – пет коњи угинаа, ветеринарите се борат да спасат други десет
Повеќе од 15 коњи неделава се затруле, а пет пцовисале на хиподром во српскиот град Крагуевац, јавија српските медиуми,. Според првичните информации, се работи за наводно труење со храна. Десетина коњи се во сериозна состојба, а ветеринарите се борат да ги спасат.
Препорачано
Коњите биле нахранети во неделата, а им била дадена редовната мешавина на брикетирана храна, житарки и сено. Во понеделникот, угинала една кобила, а по неа уште четири грла, вели Бојан Илиќ од Коњичкото друштво „Пастув“ од Крагуевац.
„Вчераутро видовме дека една кобила угина, а потоа 15 коњи, можеби и повеќе, имаа колични напади, специфичен тип на грчеви што предизвикуваат надуеност и затнување на желудникот. Ветеринарот направи обдукција и утврди дека се работи за труење со храна“, изјави Илиќ.
Точната причина за труењето ќе се знае по тестирањето на примероците од храната и од содржината на желудникот и цревата на угинатите животни.
Коњите кои се подложени на терапија, вели Илиќ, се во променлива состојба, понекогаш подобра, а потоа запаѓаат во криза. Според ветеринарот Марко Батавељиќ, затруените коњи почнале да јадат, но нивната состојба мора да се следи бидејќи и натаму се можни компликации.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5