
Масовни рации во Молдавија поради сомнежи за руска дестабилизација пред изборите
Молдавските власти денеска спроведоа стотици рации поради наводни обиди за дестабилизација на земјата поддржана од Русија, соопшти полицијата.
Препорачано
Акцијата, како што пишуваат медиумите, се случува пред парламентарните избори закажани за 28 септември, за кои властите во Кишинев стравуваат дека Кремљ ќе се обиде да влијае преку дезинформации, масовни немири и купување гласови. Исходот од изборите може да има далекусежни последици за кандидатурата на Молдавија за членство во Европската Унија.
Според полицијата, извршени биле 250 претреси на повеќе од стотина луѓе во рамки на кривична постапка за подготовка на немири и дестабилизација, наводно координирани од Руската Федерација преку криминални структури.
Копретседателот на прорускиот Патриотски блок, Игор Додон, изјави дека членови на неговата партија биле цел на рациите и го обвини владејачкиот ПАС за политички прогон.
Претседателката Маја Санду пак предупреди дека Москва се обидува да влијае на изборните резултати за да ја задржи Молдавија во својата орбита.
Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност во внатрешните работи на Молдавија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
4мин
-
11мин
-
28мин
-
31мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5