Маск во Овалната соба со својот син – Трамп потпиша наредба за соработка со него/Фото: EPA-EFE/Aaron Schwartz / POOL

Маск му одговори на Трамп: „Без мене ќе ги изгубеше изборите“

Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави дека американскиот претседателот Доналд Трамп ќе ја изгубел претседателската трка во 2024 година ако тој не го поддржал, ескалирајќи ја расправијата што избувна претходно истиот ден меѓу двајцата поранешни сојузници.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го контролираа Претставничкиот дом, а републиканците ќе беа 51-49 во Сенатот. Таква неблагодарност“, рече Маск во објава на „Икс“.

Маск потроши милиони долари за поддршка на изборот на Трамп во 2024 година и се појави заедно со претседателот во последните недели од кампањата. Потоа го водеше Одделот за владина ефикасност во мисија на намалување на трошоците и реформа на федералната влада; неговиот последен ден во администрацијата како специјален владин службеник беше минатиот петок, пишува американски „Хил“.

Коментарите на Маск дојдоа среде напливот на објави на „Икс“ во кои тој повика „големиот, прекрасен закон“ за буџетско трошење поддржан од Трамп да биде отфрлен во Конгресот. Извршниот директор на „Тесла“, кој речиси постојано беше присутен покрај претседателот до минатата недела, продолжи да споделува стари објави на „Икс“ од Трамп во кои зборува за долгот и потребата од избалансиран буџет.

Претседателот Трамп претходно во Овалната соба изјави дека е „многу изненаден“ и „разочаран“ од острите критики на Маск за законодавството и рече дека е несигурен за иднината на нивниот однос.

„Отсекогаш ми се допаѓал Илон. И затоа бев многу изненаден. Видовте какви зборови имаше за мене, а тој не кажа ништо лошо за мене. Подобро би сакал тој да ме критикува мене отколку законот. Бидејќи законот е неверојатен“, рече Трамп за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Елон и јас имавме одличен однос. Не знам дали и понатаму ќе го имаме“, додаде Трамп.

Маск одговори на забелешките на Трамп, повторувајќи go ставот дека еден закон не може да биде „и голем и убав“.

Маск прво се побуни против „големиот, убав закон“ претходно оваа недела, нарекувајќи го „одвратен“ поради неговите ефекти врз федералните дефицити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот