Мартин Богатиноски / Фото Слободен печат

ВИДЕО | Мартин Богатиноски, новинар: Уставните промени секако ќе се случат

Историскиот процес на македонскиот евроинтегративен процес може да се опише и како историја на блокади. Прво имавме спор со Грција, а потоа и со Бугарија, со тоа што бугарскиот проблем се преточи во рамката за преговори со Европската Унија. Сега пред нас се исправени уставните измени, кои ќе значат вметнување на македонските граѓани со бугарска самосвест во Уставот.

– Ние имаме вечен проблем со историјата, не само со Бугарија туку со сè. Историјата е секогаш во преден план, за жал. Д

обра му е идејата на Христијан Мицкоски, уставните измени да бидат со одложено дејство, а впрочем тоа и не е нова идеја туку се појави уште со почетокот на проблемот, ама сега се интензивира.

Не одвоија со Албанија, што не е ништо посебно бидејќи само наивен човек може да поверува дека ќе нè држат заедно во пакет.

Не зашто сме полоши од Албанците, туку зашто имаме помалку среќа. Тие ги немаат Бугарите и имаат море – вели уредникот на Плусинфо, Мартин Богатиноски, кој беше гостин во утринската програма на „Слободен печат“.

Богатиноски е сигурен дека Уставот на крајот сепак ќе се смени, но дека ќе биде погрешно доколку ние се откажеме од нашата стратегија.

– Темата со уставните измени треба да ја држиме во фокусот, ама да не припаѓаме многу околу тоа. На крајот од краиштата, уставните измени ќе се случат.

Ние името на државата го сменивме, па сега сме се фатиле за уставните измени.

Но, добро е да се води политика со ‘рбет, тоа ми се допаѓа кај оваа власт и пристапот кај овие преговарачи за разлика од претходно што беше – додава Богатиноски.

Целото интервју погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот