Марта Кос, комесар за проширување на ЕУ/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Марта Кос: Важно е да се испорачаат преостанатите обврски

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски порача дека е важно да се испорачаат преостанатите обврски и земјата да продолжи напред во процесот на пристапување во Европската Унија.

Во нејзината објава на социјалната мрежа Х, Кос вели дека со Муцунски имале отворена дискусија за идните чекори на европскиот пат на Македонија, кој таа вели дека силно го поддржува, како и за Планот за раст.

Дополнително, ја поздрави целосната усогласеност на Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Европската Унија, како и помошта која земјава ја дава на Украина.

Шефот на македонската дипломатија пак во интервју за „Политико“ нагласи дека Македонија не е подготвена на уставни измени кои ги бара Бугарија, ако не добие цврста гаранција од Европската Унија дека ова е последното барање на Софија.

– Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци Бугарија повторно дојде со барања поврзани со историјата, идентитетот или јазикот? – истакна Муцунски, осврнувајќи се на процесот на европска интеграција на земјава.

Муцунски: Нема уставни измени, ако не добиеме гаранција од ЕУ

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно објавија дека Муцунски и Кос разговарале за повеќе теми и дека еврокомесарката го поздравила реформскиот пристап на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот