
Мароканецот Амрабат од Фиорентина во Манчестер јунајтед
Софјан Амрабат од Фиорентина доаѓа на позајмица во Манчестер јунајтед до јуни 2024 година, потврди клубот од „Олд Трафорд“. Фудбалерот од средниот ред има 49 настапи за најдобрата репрезентација на Мароко и беше дел од историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.
Препорачано
Минатата сезона одигра клучна во дресот на „виолетовите“ со кои стигна до финалето во Купот на Италија и Конференциската лига.
– Огромна чест е да се стане играч на Манчестер јунајтед. Морав да бидам трпелив за овој момент, но јас сум некој кој секогаш го слуша моето срце и сега го претставувам клубот од моите соништа – вели Амрабат за клупскиот сајт.
??????
? Sofyan Amrabat = United ?#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) September 1, 2023
Претходно во петокот „црвените ѓаволи“ го промовираа турскиот голман Алтај Бајиндир. Подоцна, клубот потврди дека на позајмица до јуни 2024 година дојде и Серхио Регилон (26) од екипата на Тотенхем.
Одбранбениот играч Регилон има 230 настапи за Реал Мадрид, Севиља, Тотенхем и Атлетико Мадрид, а и шестпати го носеше дресот на најдобрата шпанската репрезентација. Со Реал беше светски клупски шампион во 2018, а две години подоцна со Севиља ја освои Лига Европа.
По Регилон, Јунајтед на својот клупски сајт потврди дефанзивниот дел ќе го засили и 35-годишниот Џони Еванс кој потпиша договор на една година.
Еванс токму во Јунајтед ја почна професионалната кариера чиј мандат траеше од 2006 до 2015 година и во кој успеа со клубот трипати да ја освои Премиер лигата, а еднаш и Лигата на шампионите во 2008 година.