фото: rkalkaloid.mk

Маркоски: Септември ќе биде полна со предизвици за РК Алкалоид

Никола Маркоски сезонава ќе биде најискусниот играч во ракометниот клуб Алкалоид, а неговото искуство и знаењето како да ја држи во строј одбранбената линија и да ги изнудува и казнува грешките на противниците во голема мерка ја обликува и играта на екипата.

Веќе неколку години сме заедно во клубот и ги знаеме принципите по кои се работи и по кои се реализираат подготовките. Сезонава не повторивме грешки од минатото и сите ракометари ја одржуваа формата и за време на одморите, па на подготовките дојдовме спремни за процесот што ни следи.

Овој дел е многу важен за подоцна да можат да се издржат и одработат другите фази, вклучително и натпреварите што ќе ни следат. По Маврово, ќе почнеме со следната етапа, а во неа се предвидени и контролни натпревари – вели Маркоски.

Условите во Маврово се одлични, не сме прв пат овде, позната ни е средината. Екипата добро ги поднесува подготовките, амбиентот е одличен и верувам спремни ќе бидеме за предизвиците што не чекаат, првенствено во септември. Тогаш ќе играме пет важни натпревари што ќе ја обликуваат целата сезона – вели Маркоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот