ФОТО: Сенаторот од Флорида, Марко Рубио – Извор : Wikipedia

Марко Рубио предничи за позицијата државен секретар на САД

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го избере сенаторот Марко Рубио за следен државен секретар на САД, објави „Њујорк тајмс“.

Политичарот роден во Флорида би можел да стане првиот латиноамериканец кој ќе служи како топ дипломат на САД откако Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари.

Со текот на годините, сенаторот се залагаше за надворешна политика на покажување мускули кон геополитичките непријатели на САД, вклучувајќи ги Кина, Иран и Куба. Во изминатите неколку години, тој донекаде ги ублажи своите позиции за да се усогласи со позициите на Трамп.

Новата американска администрација ќе се соочи со поопасен и понепредвидлив свет од првиот мандат на Трамп, со војни кои беснеат во Украина и на Блискиот Исток, а Кина се повеќе се приближува до американските непријатели Русија и Иран, јавија американските медиуми.

Несомнено, војната во Украина ќе биде високо на агендата на Рубио.

Рубио (53) во неодамнешните интервјуа рече дека Украина треба да бара преговарачко решение на конфликтот со Русија наместо да се фокусира на враќање на сите територии изгубени во изминатата деценија. Тој исто така беше меѓу 15-те републикански сенатори кои гласаа против пакетот воена помош од 95 милијарди долари за Киев донесен од Конгресот во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот