Фото: Инстаграм/Марко Бошњак/Скриншот/Јутјуб

Марко Бошњак ќе ја претставува Хрватска на Евровизија: Македонската јавност го памети како симпатичното момче од „Ѕвездичките на Пинк“

Хрватска годинава ќе ја претставува Марко Бошњак со песната „Poison Cake“, откако триумфираше на фестивалот Дора 2025. Младиот пејач, кој од мал е голем обожавател на Евровизија, ќе настапи на големата сцена во Базел, Швајцарија.

По победата, Бошњак изјави дека ова е исполнување на неговиот долгогодишен сон и дека ќе даде сè од себе за што подобар пласман на Хрватска. Тој најави и мали измени во сценскиот настап, кои ќе ги договара со својот тим во подготовките за Евросонг.

„Победата си ја посветувам на себеси затоа што не се откажав и напорно работев за ова“, изјави видно емотивниот 21-годишник на средбата со новинарите.

Фото: Инстаграм/Марко Бошњак

Со голем ентузијазам, Бошњак изјави дека веќе ги преслушал песните на останатите натпреварувачи и од обожавател сега станува дел од големото евровизиско семејство.

Да потсетиме, Марко Бошњак победи во втората сезона на „Ѕвездичките на Пинк“, музичко натпреварување за деца кое беше многу популарно во Македонија. Тоа беше отскочна даска и за нашите млади пејачи Трајче Георгиев, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ.

„Ѕвездичката на Пинк“ порасна: Работам во сендвичарница за да преживеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот