Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија / Фото: ЕПА

Марк Руте: Лавров е министер уште од времето на Исус Христос

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, остро го критикуваше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за неговите неодамнешни коментари за распадот на Алијансата и оцени дека „ништо корисно не излегло од неговата уста“.

„Лавров е министер за надворешни работи на Русија, мислам, од раѓањето на Исус Христос. И оттогаш, ништо, апсолутно ништо корисно не излегло од неговата уста. Затоа, да не му обрнуваме премногу внимание на г-дин Лавров“, рече Руте во интервју за „Фокс њуз“, кога беше замолен да ја коментира изјавата на рускиот министер за надворешни работи дека новата цел на НАТО за трошоци за одбрана од пет проценти од БДП ќе го сруши алијансата одвнатре.

Марк Руте, генерален секретар на НАТО/Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Изјавите на Лавров за распадот на НАТО дојдоа како одговор на изјавата на полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, кој претходно изјави дека прекумерните воени трошоци на Москва би можеле да бидат пад на рускиот лидер Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот