Мариника Тепиќ / фото: Фејсбук

Мариника Тепиќ: Смислија дојава за бомба во Парламентот за да ни влезат во канцелариите

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека вечерва во 20 часот и 47 минути е добиена дојава дека во Парламентот на Србија е поставена бомба, додавајќи дека веднаш се испратени екипи за да извршат целосна проверка на објектот“.

Но, српската опозиинерка, потпретседателлата на Партијата за слобода и правда (СПП), Мариника Тепиќ, вели дека тоа била лага и дека заканата за бомба била искористена за да се упадне во нивните канцеларии во Парламентот.

„Предмалку беше објавено дека е „поставена бомба во српската Скупштина, екипи се на терен“. На терен во превод значи – ова го смислија за вечерва да ни упаднат во сите канцеларии и да ги изораат! И можат да ја подметнат без наше присуство“, напиша Тепиќ на „Икс“.

Таа рече и дека власта „е провидна како целофан, и тоа најевтин“.

Денеска беше бурен ден во Српскиот парламент – пратениците од опозицијата фрлаа чадни бомби во Собранието, протестирајќи против владините политики и изразувајќи поддршка за студентите кои протестираат со месеци, во директен пренос на државната телевизија.

Пратениците од опозицијата развија и транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да го урне режимот“ и држеа српско знаме.

Претставниците на владејачкото мнозинство ѝ одговорија на опозицијата со извици „усташи“ и веење српски знамиња.

ВИДЕО | Опозицијата фрли шок бомби, повредени пратенички во српското собрание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот