Фото: Влада на РСМ

Маричиќ се сретна со унгарскиот амбасадор: Европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

На средбата унгарската делегација ги презентирала приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.

-Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот, се вели во денешното соопштение од СЕП.

Во него се додава оти тој потенцирал дека европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа.

Амбасадорот Клајн се заблагодарил за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот