Маричиќ-Пич Фото: МИА
Маричиќ-Пич Фото: МИА

Маричиќ-Пич: Дијалогот за Западен Балкан е клучен

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

– Дијалогот за Западен Балкан е клучен во обезбедувањето стабилност и просперитет. Низ конструктивен разговор со Стјуарт Пич, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, во рамки на Минхенската конференција за безбедност ја потврдивме потребата Западен Балкан да остане на патот кон ЕУ, но истовремено и приоритет на ЕУ, особено сега кога Европа се соочува со безбедносни предизвици – објави вицепремиерот на својор Фејсбук профил.

Тој додаде дека безбедносната криза во Европа е причина плус за обединување и моментум кој државите од Западен Балкан треба да го искористат за напредок на целиот регион кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!