Бојан Маричиќ - Вицепремиер за европски прашања / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Маричиќ ќе учествува на Бледскиот стратешки форум

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска престојува во Словенија каде ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој оваа година се фокусира на темата „Солидарност за глобална безбедност“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ заедно со премиерот Димитар Ковачевски ќе се сретнат со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

-На вториот ден на Бледскиот стратешки форум вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ ќе биде говорник на панелот на тема: Збогум Европа! (?) – Глобален брод или Глобален лидер: Европа во Нова Геополитичка Возраст, на кој негови соговорници ќе бидат Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Федерика Могерини, Ректор, Колеџ на Европа, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа, Мирослав Влачовски, Министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка и Тања Фајон, Заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, со која ќе оствари и билатерална средба – велат од СЕП.

Маричиќ ќе се сретне и со делегација предводена од државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун и со претседателот на СДП Хрватска, Пеџа Грбин.

-Меѓународната конференција на Бледскиот стратешки форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа, која се одржува секоја година на езерото Блед, Република Словенија, на која учесниците од различни области ќе разменат мислења и да генерираат идеи за справување со сегашните и идните глобални предизвици – се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!