
Манчестер сити против Манчестер јунајтед за првата титула во новата сезона
Само 11 недели по натпреварот во финалето на ФА Купот, фудбалерите на Манчестер сити и Манчестер јунајтед денеска во 16.00 часот се враќаат на Вембли за да се борат за првиот трофеј во сезоната – Комјунити Шилд.
Препорачано
Сезоната во Премиер лигата започнува на 16 август, а на само шест дена пред новата сезона менаџерите на двата тима, Ерик тен Хаг и Пеп Гвардиола ќе имаат можност да покажат колку ги подготвиле своите играчи за предизвиците кои доаѓаат.
Ова ќе биде осми пат во историјата на Комјунити Шилд натпреварот да биде реприза на финалето на ФА Купот од претходната сезона. Од последните осум прилики на Комјунити Шилд кога играле шампионите од претходната сезона и победниците на ФА Купот, тимот што го освоил ФА Купот го кренал трофејот седум пати, што секако е добро за Ерик тен Хаг и Јунајтед.
It’s Manchester Derby Day Showdown❗️
Manchester United will face noisy neighbour Manchester City in the FA Community Shield for its first trophy of the season.
With #MUFC wining #MCFC in the F.A Cup final on their last Wembley meeting.
Gonna be a win for us GGMU. pic.twitter.com/6lvTpti6Nx
— MR SELF OF MAN UNITED (@misterself_) August 10, 2024
Сити беше редовен учесник во Комјунити Шилд во последните години. Всушност, ова ќе биде четврта година по ред како играчите на Гвардиола се борат за трофејот, но не успеаја да го освојат ниту еднаш, со порази од од Лестер (2021), Ливерпул (2022) и Арсенал (2023).
Историјата вели дека Манчестер јунајтед го освои Комјунити Шилд дури 21 пат. Ако историјата е нешто што треба да помине, тогаш Јунајтед ќе биде изненадување, но реалноста е малку поинаква. Ерлинг Халанд, Фил Фоден и сите останати предводени од Гвардиола доаѓаат на овој меч со голема амбиција да го освојат трофејот кој им бегаше во последните четири години.
Ова ќе биде трет пат во историјата Манчестер сити и Манчестер јунајтед да се сретнат во Комјунити Шилд – Јунајтед ги доби двата претходни натпревари, 1:0 – во 1956 година и 3:2 – во 2011 година. Сити ги доби двата првенствени натпревари минатата сезона, додека Јунајтед го доби финалето на ФА Купот со 2:1 во мај.