Португалската ѕвезда Роналдо е летна желба на„граѓаните“/Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Манчестер сити му нуди договор на Кристијано Роналдо

На Манчестер сити му беше понудена шанса да го ангажира Кристијано Роналдо од редовите на италијанскиот гигант Јувентус.

Роналдо е без договор следното лето и Јуве сака да го продаде за да заштеди од платата од 500.000 фунти неделно што му ја плаќаат плус данок.

Португалецот е подготвен да си замине, а неговиот агент Жорже Мендеш е во Торино и бара клуб кој е подготвен да плати трансфер од 25 милиони фунти за 36-годишниот фудбалер и да ја преземе неговата плата.

„Граѓаните“ се заинтересирани да го вратат Роналдо во Премиер лигата во бесплатен трансфер и се подготвени да му понудат двегодишен договор, со плата од 12,8 милиони фунти по сезона (15 милиони евра), пренесува „Скај Италија“.

Минатата сезона во Серија А за „Старата дама“ запиша 29 голови во 33 настапи.

Гвардиола откри кога го напушта Сити и кој ќе биде следниот чекор во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот