Фото: Икс

„Мамо остави ме“: Млад актер загина во пожарот во Лос Анџелес, остана заробен во својот дом

Триесет и две годишниот актер Рори Сајкс почина откако во средата му изгоре куќата на неговиот имот на Маунт Малибу.

Тој бил подложен на бројни операции и терапии за лекување на церебрална парализа а имал и проблеми со видот.

„Со голема тага морам да соопштам дека мојот прекрасен син Рори Сајкс загина вчера во пожарите во Малибу. Моето срце е целосно скршено“, напиша Шели Сајкс која додаде:

„Не можев да го изгаснам пожарот на неговиот покрив со црево бидејќи градското водоводно претпријатие ја исклучило водата. Ниту 50 храбри пожарникари немаа вода цел ден. Ми рече: „Мамо, остави ме“, но мајката не може да го остави своето дете. Ја скршив раката, не можев да го подигнам, не можев да го кренам“, опиша таа.

Кога заминала да ги повика пожарникарите, куќата целосно била зафтена од огнот.

Само еден ден пред трагичниот настан, Рори на платформата „Икс“ сподели дека за ручек сака риба и компири.

Инаку Рори беше најпознат по неговата детска улога во англиската серија „Kiddy Kapers“.

Пожарите во Лос Анџелес и денеска не стивнуваат, а штетите се поценети над стотици милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот