Фото: Профимедиа

Малопродажeн синџир во Хрватска продава домашни мандарини – од Египет!

Социјалните мрежи се полни со критики за цената на мандарините кои се појавија на пазарите и продажните места низ Хрватска. Потрошувачите се жалат дека тие се значително поскапи од претходните години, објави Даница.хр.

Според официјалните податоци од пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, просечната цена на килограм мандарини на градските пазари минатата недела била околу 2,5 евра, а највисоката дури 3,5 евра. Просечната цена е за 25 отсто повисока во однос на истата минатата година. Минатата недела најскапи мандарини беа на пазарите во Сплит, Осиек и Загреб, а најевтини во Сисак (1,80 евра) и Вараждин (две евра). Еден клиент во маркетите на „Плодине“, купил два килограми мандарини во пакување на кое пишувало дека се мандарини од Неретва. Сепак, во декларацијата се вели дека мандарините се увезени од – Египет! Фотографиите на својата фејсбук-страница ги објави здружението на потрошувачи „Ало, инспекторе“, кое веднаш испратило барање до „Плодине“ и до регионалната компанија „Агро Неретва“ која ги пакува и ги доставува тие мандарини. Во декларацијата се вели и дека се работи за автохтона неретванска сорта мандарина „Зорица“. Од Египет! Сè уште не добиле одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот