Полиција / фото: илустрација

Малолетен моторџија без возачка прегазил пешак во Кисела Вода и избегал

Малолетно момче на нерегистриран мотоцикл, кое возело без возачка дозвола, доцна попладнето удрило во пешак во скопската населба Кисела Вода, потврдуваат од МВР.

„Денеска околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, мотоцикл „Пјаџо Беверли“ без регистарски таблички удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот“, велат од полицијата.

„Полициски службеници презеле мерки и го пронашле мотоциклистот, по што е утврдено дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот