
Малку „чкрипи“ брзата железница што Вучиќ ја отвори со гордост
Брзата железница, којашто српскиот претседател Александар Вучиќ ја отвори со голема гордост, се соочува со мали проблеми.
Препорачано
По двонеделно тестирање, денеска се отвори третата делница од брзата пруга Белград – Суботица, од Нови Сад до Суботица, а Вучиќ присуствуваше на отворањето.
„Верувам дека ова е голем успех за Србија,“ рече Вучиќ во вагонот на брзиот воз за Суботица.
Вучиќ се качил во возот на Прокоп, а оние кои внимателно го следеле преносот во живо забележале дека нешто не е во ред. Имено, во позадина јасно се гледало дека станицата прокиснува, објави српски „Н1“.
PreCedničeeee!!!!!
neko Vam se ispišao pored stuba!!!!
A neeee, to prokišnjava nova zgrada…. pic.twitter.com/3xCx87lywB
— Borhes (@borhesbg) October 3, 2025
Кога претседателот стигнал во Суботица, бил забележан уште еден детаљ. Како што објави српски новинар на социјалната мрежа „Икс“, зад Вучиќ е снимена една од станиците во прилично лоша состојба.
„Претседателот стигна со воз во Суботица, таму сите објекти на станицата се реконструирани, а се гледа веднаш дека тоа е квалитетно направено. Само злонамерници се сомневаат“, напиша новинарот иронично.
Predsednik stigao vozom u Suboticu, tamo svi objekti u stanici rekonstruisani, vidi se odmah da je to sve kvalitetno urađeno. 👌🏻
Samo zlobnici sumnjaju. pic.twitter.com/A0kSFgMUKv
— Željko Veljković (@novinarupenziji) October 3, 2025
За потсетување, Вучиќ се осврна и на критиките дека отворањето било организирано тајно, со оглед дека немало официјална најава за настанот.
„Да го отворавме со големи церемонии, ќе рекоа дека тоа е без вкус, дека правиме спектакл иако знаеме што се случи пред 11 месеци. Ако го направите тоа без голема помпа, тогаш велат дека е ‘тајно’. Сигурно не мислат дека некој не смее да оди некаде во оваа земја. Сигурно нема да се закануваат со тоа, како што порано се закануваа, бидејќи јас отидов секаде каде што рекоа дека не смеам,“ наведе тој.
Без голема медиумска помпезност и најава Вучиќ ја отвори брзата железница Белград-Суботица
Потоа рече дека му е жал што денеска со него не биле луѓето против кои се водат процеси за падот на натстрешницата и финансиски малверзации – поранешните министри за градежништво и инфраструктура, Горан Весиќ и Томислав Момировиќ, како и Анита Димовски, помошничка во истото министерство.
„Жал ми е што не можев да ги повикам оние што работеа на тоа. Жал ми е за Анита Димовски, за Горан (Весиќ), за Тома (Томислав Момировиќ). За сите што работеа… Ќе има прилика. Анита работеше како змеј, прекрасна жена,“ рече Вучиќ.
Вучиќ: Нема да дозволам да купуваме гориво во канти, Америка ни воведува санкции