Werner Heiber/Pixabay

Мали корисни трикови на искусните домаќинки за подобро снаоѓање во кујната

Многумина мислат дека во готвењето, но и во зачувувањето на свежината на храната, нема некоја голема филозофија и дека воопшто не е комплицирано да се подготвуваат оброци. Сепак, во практиката воопшто не е така. Токму поради ставот дека готвењето е лесна работа, но и поради брзоплетоста на недоволно искусните готвачи, честопати се случуваат мали несреќи, но и фрлање поголеми количества храна, а сето тоа поради нејзино несоодветно чување.
Токму затоа треба да се следат одредени совети на поискусните домаќинки, со чија помош ќе можете да ја зачувате свежината на храната, но и да избегнете непријатни ситуации кога го подготвувате вашиот омилен оброк.

Како да ја спречите непријатната миризба од теглите

Стаклените тегли поради честото складирање зимници можат да впијат непријатен мирис што не можете да го отстраните и покрај тоа што многупати досега сте ги измиле. За решение на овој ваш проблем, постои еден мал трик што малкумина го знаат. Сѐ што треба да направите е во садот што сакате да го исчистите да ставите неколку листови од стар весник. Стуткајте ги листовите, а потоа едноставно ставете ги во теглите. Затворете убаво со капак. По неколку часови хартијата ќе го впие мирисот, а теглите ќе можете одново да ги користите.

Како јајцата да останат свежи

Доколку сакате постојано да им ја одржувате свежината на јајцата, препорачливо е веднаш штом ќе ги купите, со помош на сунѓер убаво да ги премачкате со масло за јадење. Откако ќе го направите тоа, наредете ги јајцата во фрижидер.

Како зеленото овошје да остане свежо подолго време

Кога ќе набавите поголеми количества лиснат зеленчук, пред да го складирате во фрижидер, убаво треба да ги измиете ливчињата. Водата што ќе се задржи на листовите ќе ја задржи свежината кај зеленчукот неколку денови. Рокот на траење на зеленчукот дополнително ќе го продолжите доколку веќе измиениот зеленчук го ставите во ќеса што ќе ја врзете и така ќе го ставите во фрижидер.

Како најбрзо да го омекнете маргаринот што стоел во фрижидер

Доколку подготвувате некој колач, а притоа сте заборавиле да го извадите маргаринот од фрижидер многу порано за да омекне, во тој случај мора да искористите еден трик.
Исечете го маргаринот на мали парчиња и почекајте неколку минути. Маргаринот за кратко ќе омекне, а вие ќе можете да продолжите со подготовката на десертот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот