МАЛА СЦЕНА, општествено одговорен угостителски објект во центарот на Струмица

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е едно пресимпатичен општествено одговорен угостителскиобјект именуван „Мала сцена“, кој се наоѓа во центарот на Струмица и веруваме дека ќе ги освои вашите симпатии на прв поглед.

„МАЛА СЦЕНА“ – Љубов, мир, фантастично мени и неверојатен ентериер

Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112

За „Мала сцена“ дознавме кога налетавме на нивниот профил на инстаграм. Уште пред да го посетиме местото бевме воодушевени од начинот на кој го презентираат нивниот објект и целокупната работа, љубовта и трудот за професијата се забележуваат во секој сегмент. Веднаш се заследивме и може да се каже дека допаѓањето беше взаемно уште пред да ни се приклучат на иницијативата.

Фото: @mala_scena_112
Фото: Слободен печат
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112

Штом пристигнавме во Струмица и отидовме на кафе, само што ни ги отворија вратите помисливме: „Тука единствено недостасуваат весници!“. Местото е уредено со големо внимание на деталите, ѕидовите се исполнети со досетливи цитати, а пијалоците и десертите се служат на креативен начин, во „винтиџ“ филџани, чаши и чинии.

Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112

Целата атмосфера во „Мала сцена“ е небаре како да сте се телепортирале во некое мало, симпатично француско бистро, па затоа воопшто нема да ве изненади нивната, сосема оправдана, стекната популарност на социјалните мрежи.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Струмичани, но и сите посетители во „Мала сцена“ се навраќаат во ова шик-место за највкусното капучино и еспресо, а препорака од тимот е кога ќе појдете да го пробате нивното Лимончело, а доколку имате среќа и не е распродадено, не пропушајте да го вкусите и одличното тирамису.

Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Оттаму ни го најавија и нивниот новитет, француски путер кроасан, кој ги освои симпатиите на посетителите и совршено се вклопува во целата атмосфера.

Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112
Фото: @mala_scena_112

Местото е отворено до пладне, но некогаш ги отвора своите врати и навечер. Многу симпатичен впечаток ни остави нивниот празничен новогодишен концепт, кога неколку вечери се служеше квалитетно вино комплементирано со фина селекција на сирења.

„Мала сцена“ е идеална локација и за кафе во друштво, но и за соло-посета, доколку имате среќа да најдете место. Побарајте примерок од дневниот весник Слободен печат и ќе уживате во навистина уникатно искуство.

Фото: @mala_scena_112

Како што вели сопственикот Љубомир, кој буквално вибрира љубов и мир, мисијата на „Мала сцена“ е да понудат поразличен пристап од вообиачениот, опуштена атмосфера, квалитетно кафе и секој да се почуствува дека си заминува од посебно место во кое се вложени многу љубов и посветеност во работата.

Фото: @mala_scena_112

Ја користиме оваа можност да потврдиме дека навистина така си заминавме, насмеани и задоволни, исполнети со убава енергија, па затоа најтопла препорака кога патот ве носи кон Струмица, да не пропуштите да ја посетите „Мала сцена“, за која искрено се надеваме дека ќе расте во се’ поголема!

ЛОКАЦИЈА: Благој Јанков Мучето број 1, Струмица
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 16:00 часот

СЕ ЧИТАМЕ ВО МАЛА СЦЕНА!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот